Роднини на Мадуро поради струјата се обиделе да заминат за Колумбија

Поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија низ Венецуела, роднини на претседателот на Венецуела Николас Мадуро се обидоа да ја напуштат земјата.

Властите на соседна Колумбија објавија дека роднината на Мадурo, Архимиро Мадуро, заедно со неговата сопруга, децата и поширокото семејство, се појавилe на еден од контролните пунктови на границата со Колумбија.

Колумбиските власти соопштија дека роднината на Мадуро и неговото семејство се жалеле дека жештината е неподнослива поради недостигот на струја и оти сакаат да поминат пет дена во град во северниот дел на Колумбија, Риохача, кој се наоѓа на брегот на Карипското Море.

Нивниот план не успеал поради тоа што тие се на листата со околу 300 луѓе на кои им е забранет влез во Колумбија.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвена за нови санкции против Венецуела

Ана Ололовска

Опозицијата во Венецуела ги продолжува разговорите на Барбадос

Ана Ололовска

СИРИЗА реагира на одлуката на Владата за признавање на Гуаидо за привремен претседател на Венецуела

Грција го призна Хуан Гуаидо за времен претседател на Венецуела

Ана Ололовска

На Барбадос заврши нова рунда разговори меѓу венецуелските власти и опозицијата

Ана Ололовска

Гуаидо најави обновување на дијалогот со Владата на Мадуро

Ана Ололовска