Дебата за климатските промени, заканите и можни одговори

Научно-стручна дебата на тема: Климатските промени – актуелни состојби, перспективни закани и можни одговори, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Факултетот за безбедност-Скопје (УКЛО) и Институтот за социолошки и политичко правни истражување од Скопје (УКИМ).

Оваа научно-стручна расправа се спроведува во рамки на научно истражувачки проект со наслов „Воспоставување на академска мрежа за истражување и студии во доменот на намалување на ризици од катастрофи“, кој се спроведува од двете институции.

Целта на овој проект претставува актуелизирање на теми поврзани со ризиците од катастрофи, зајакнување на институционалната и персоналната соработка на истражувачите и професионалците кои работат во оваа област, како и генерално подигнување на општата и професионалната свест за процесите кои се поврзани со ризиците од катастрофи.

Би можело да ве интересира

Научниците предупредуваат: Нивото на морињата би можело да порасне за два метри до 2100 година

A1on

Награда од Амнести интернешнл за активстката Грета Тунберг

A1on

Извештај: Климатските промени се среднорочна закана по човековата цивилизација

A1on

Ведер: Во ЈИЕ во јуни пониски температури од просечните

A1on

Зголемувањето на нивото на морињата ќе има далекосежни последици

A1on

Групата „Билдерберг“ на средба во Швајцарија, главни теми Европа и климата

A1on