Повторно дебакл на Тереза Меј

Британскиот парламент вечерва повторно го отфрли договорот за брегзит, кој премиерката Тереза Меј го склучи со Европската Унија.

Против договорот со условите за излез на Велика Британија од Унијата гласаа 391 пратеник, а „за“ 242, пренесе Би-би-си.

Кога парламентот за првпат гласаше на 15 јануари, 432 пратеници гласаа „против“, а „за“ беа 202.

Резултатот од денешното гласање значи дека британските пратеници утре решаваат дали Британија без договор ќе ја напушти ЕУ на 29 март.

Доколку парламентот утре ја отфрли и опцијата за излез без договор, на гласање в четврток ќе се одлучува дали од ЕУ да се бара одложување на брегзитот за максимум три месеци.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Брегзит во октомври, со или без договор

A1on

Рот: ЕУ не е подготвена за нови преговори за Брегзит

A1on

Борис Џонсон: Нема да им платам на ЕУ 39 милијарди фунти за брегзит

A1on

Фараж: Трамп верува во Брегзит и мисли дека тоа е вистински избор

A1on

Макрон: Апсолутно последен рок за Брегзит е 31 октомври

A1on

Џонсон: Велика Британија ја напушта ЕУ на 31 октомври, со или без договор

A1on