Кривична за злоупотреба на службената должност против поранешниот директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Поранешниот директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации А.Н. доби кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување. Тој со активности спротивни на законот го оштетил Буџетот за 1.701.210 денари.

Кривичната пријава против 35-годишниот А.Н. ја поднесе Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поради кривичното дело, кое е казниво по член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

А.Н. како прв човек на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во периодот од 20.01.2015 до 03.08.2017 година за свои лични потреби а на штета на Буџетот на РСМ злоупотребил буџетски средства во вкупен износ од 1.040.616 денари, додека со непочитување на законските одредби од Законот за јавни набавки и без спроведување на постапки за јавна набавка, на штета на Буџетот на РСМ за трети лица овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 660.594 денари.

Пријавениот, без да донесе соодветни одлуки, акти и правилници за условите за користење на средства за репрезентација , за патни и дневни расходи, извршил набавки на стоки и услуги кои што не биле поврзани со работењето на Дирекцијата, во вкупен износ од 1.040.616 денари и ги искористил за свои лични потреби.

Исто така, пријавениот, во наведениот период, без да спроведе постапка за јавна набавка, со свесно намалување на набавките на износи до 500 евра без ДДВ на месечно ниво, со средства од буџетот на Дирекцијата извршил набавки на стоки и услуги од пет правни лица и со тоа им овозможил да се стекнат за имотна корист во вкупен износ од 660.594 денари.

Би можело да ве интересира

Во Тетово нападнат и повреден полицаец кој бил на интервенција со службата за подигнување возила

A1on

Притвор за велешанец, се заканувал на нотар од Кавадарци

A1on

Расчистено убиство во Струмица, убиецот притворен

A1on

Мајката на убиениот Пино бара санкции за инспекторите кои го водеа случајот

Кристијан Ландов

Пет лица обвинети за трговија со дете

A1on

МВР почнува со издавање на регистерски таблички со ознака НМК

A1on