Пленковиќ не ја прифати оставката на министерката Жалац

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска не ја прифати оставката на министерката за регионален развој и фондови на ЕУ Габриела Жалац, образложувајќи дека тоа што таа со невалидна возачка дозвола со автомобилот удрила во 10-годишно девојче, не е причина за таа да ја напушти Владата.

– Министерката и јас сме во контакт од половина час од кога се случи инцидентот во саботата наутро. Разговаравме повеќе пати во саботата и вчера, а утрово дојде и јас ја примив. Таа го стави својот мандат на располагање. Значи, одлуката ми ја препушти мене и подготвена е да не биде министерка и мислам дека, од нејзина страна, тоа е потег кој во овие околности е многу коректен и морален, изјави Пленковиќ.

Тој посочи дека цело време размислува за инцидентот и заклучил дека сообраќајна несреќа може секому да се случи. А тоа што не ја продолжила возачката дозвола, според него, не е прекршок поради кој таа би требало да ја напушти Владата.

– Јас оставка понудив од морални и сите други причини, рече денеска Жалац, додавајќи дека апсолутно признава сè што се случило тој ден.

– Тоа што мене ми се случи во саботата, ни би сакала никому да се случи. Појдов во продавница, кога пред возилото истрча девојче. Ја удрив, веднаш и помогнав колку што можев, повикавме полиција и Брза помош и превезена е во болницата во Винковци, а оттаму во Осиек, појасни хрватската министерка.

Што се однесува на возачката дозвола, таа рече дека поради тоа што не вози често, не ја проверила дозволата и не видела дека од 2016 година не е важечка, но дополни дека тоа не ја оправдува.

Таа се извини и на хрватската јавност затоа што, од незнаење, возела без валидна возачка дозвола.

Во сообраќајната несреќа во Винковци во саботата, тешки телесни повреди доби девојче кое надвор од пешачки премин сакало да претрча преку улица, кога ја удри возило, со кое управувала Жалац.

Би можело да ве интересира

Гром запали куќа во Загреб

A1on

Хрватската Влада дозволи увоз на сезонски работници од странство

A1on

„Вечерњи лист“: Мирослав Шкоро ќе објави кандидатура до крајот на неделата

A1on

Хрватска ќе гради автопат за велосипеди

A1on

Се урна мал спортски авион кај Хвар

A1on

Словенија и Хрватска пред судот во Стразбур поради банкарски долгови

A1on