Нови вработувања во рудникот САСА

Од почетокот на овој месец, рудникот за олово и цинк САСА вработи нови 44 лица. Пред да стапат на работните места, соопштуваат од Рудникот, за сите нови членови на тимот е организирана соодветна обука за да се осигура дека тие безбедно ќе ги извршуваат работните задачи.

-Среќни сме што го зајакнуваме нашиот тим со нови вработени. Просечната возраст на нововработените е 27 години и ние веруваме дека тие ќе внесат дополнителна енергија и ентузијазам во нашиот тим, што ќе помогне во зголемувањето на вкупната ефективност и продуктивност на нашата компанија. Како компанија ќе сториме сѐ нашите нови вработени да ја добијат неопходната поддршка од сите нас, за да можат полесно да се вклопат во колективот и секако, да се чувствуваат добредојдени и исполнети, вели генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

Согласно процедурите за работа што важат во целокупниот рударски комплекс, во почетниот период, сите нововработени ќе бидат под засилен мониторинг и придружба од искусни вработени, за да можат да го достигнат неопходното ниво на работни вештини.

Со новите вработувања, вкупниот број вработени во САСА надмина 680 лица.

Би можело да ве интересира

ДСКС ќе бара анализа на законите за вработување во јавниот сектор и на злоупотребата на дискреционото овластување при вработување

(ВИДЕО) Јовановска: Кога невработените лица ќе ги повикаме на интервју за работа, не доаѓаат

Ана Ололовска

Миновски: Ќе одговарам ако има нерегуларности при вработувањето на Стојчевски

Кристијан Ландов

ЕЛЕМ ги крие документите кои треба да докажат дали огласот за синот на Стојчевска е наместен

Кристијан Ландов

Најголем дел од младите работат на несоодветни работни позиции и имаат помали плати

Сандра Бошковска

Анализа за младинска подвработеност