Новиот извршен директор во СБ Дејвидсе во дводневна посета на земјава

Во официјална посета на Република Северна Македонија денеска и утре престојува новиот извршен директор во Светска банка, Кун Дејвидсе. Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде негов домаќин, а планирани се повеќе средби на високо ниво.

Министерството за финансии соопштува дека во рамки на својата посета Дејвидсе ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министри од Владата. Теми на средбите ќе бидат соработката помеѓу Република Северна Македонија и Светска банка, особено за новата Стратегија за соработка 2019-2023 година (Country Partnership Framework 2019-2023).

Кун Дејвидсе од ноември 2018 доаѓа на функцијата, која претходно ја извршуваше Френк Хемскирк.

Би можело да ве интересира

Грција не дава визи дури судот не го смени печатот со „Северна“

Васко Маглешов

Со Пендаровски, и последната институција го добива називот со Северна Македонија

Кристијан Ландов

Тевдовски: Одобрените 420 милиони долари од СБ ќе овозможат праведен раст

Ана Ололовска

Бордот на директори на Светска банка ја одобри новата четиригодишна рамка за партнерство со Северна Македонија

Ана Ололовска

Иванка Трамп ја одби работата во Светска банка

Ана Ололовска

Светската банка предвидува забавување на економскиот раст во Европа и Централна Азија

Ана Ололовска