Демократи со предупредување до Трамп да не бара пари за ѕидот со Мексико

Водечки фигури во Демократската апартија го предупредија претсеателот Доналд Трамп да не вклчува во предлог буџетот за 2020 година, 8,6 милијарди долари за финансирање изградба на ѕид по границата со Мексико.

„Трамп им наштети на милиони Американци и предизвика хаос кога ја спречи работата на федералната влада во обид да одбие финансирање на ѕидот“, нагласуваат во заедничко соопштение претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и сенаторот Чак Шумер.

– Конгресот не дозволи финансирање на неговиот ѕид и тој беше принуден да признае пораз и да ја обнови работата на владата. Истото ќе се повтори ако се обиде одново. Се надеваме дека ја научил лекцијата, додаваат политичарите од Демократската партија.

Американски медиуми јавија дека се очекува Трамп во нацрт буџетот за фискалната 2020 година што ќе го претстави утре, да внесе барање за 8,6 милијарди долари за финансисрање на изградбата на ѕидот.

Би можело да ве интересира

Мексиканскиот наркобос „Ел Чапо“ осуден на доживотен затвор

Трамп ги пофали републиканците кои гласаа против резолуцијата за расизмот

Ана Ололовска

Министерството за одбрана на САД ќе ги проверува шпекулациите за лабораториски модифицирани грини

Ана Ололовска

Трамп: САД нема да и продадат борбени авиони на Турција

Ана Ололовска

Претставничкиот дом на Конгресот ги осуди „расистичките“ коментари на Трамп

Ана Ололовска

Поранешниот претседател на Перу уапсен во САД

Ана Ололовска