Силјановска: Не е евроинтеграција кога се носи закон за употреба на јазиците спротивен на Уставот

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Општина Делчево.

Силјановска Давкова нагласи дека не е евроинтеграција кога се склучува договор за промена на уставното име, ниту пак кога се носи закон за употреба на јазиците кој е спротивен на Уставот и Рамковниот договор, туку евроинтеграција е кога во Република Македонија се случуваат реформи кои што се од големо значење како за државата така и за сите граѓани.

„Веќе слушаме деновиве дека многу тешко дека ќе добиеме датум за преговори како што не убедуваа бидејќи договор е договор, закон за употреба на јазици е закон, ама сега ќе стигнат масата македонска вистинските барања таканаречените Копенхагеншки критериуми, најважно класифициран закон, владеење на правото, просперитетна економија, квалификувана и стручна администрација, државна и јавна, жестока борба со корупцијата и криминалот, жестоко справување со непотизмот, слободни и објективни медиуми. Верувам дека нема ни еден човек меѓу нас кој вакво нешто препознал да прави оваа власт. Тоа се вистинските критериуми и нашата шанса, зошто ние велевме дека подобро е прво да работиме на реформи и можеби потоа да седнеме и сериозно продлабочено да разговараме за името зошто кога вие сте на европскиот пат и се препознавате како европска држава, тогаш посилни се и во преговорите. Но, ако не исполнувате ниту еден од овие критериуми тогаш ќе правите отстапки, какви што правеа, не само на соседот, туку и на коалиционите партнери зошто ви се потребни нивните гласови за изгласување на Преспанскиот договор или за изгласување на законот за употреба на јазиците. Тогаш ќе заборавите на владеењето на правото и демократијата и ќе велите целта е многу висока, важно е ние нели да работиме на евроинтеграциите, ама не е евроинтеграција да склучите штетен договор за земјата или да донесете закон за употреба на јазиците кој е спротивен и на Уставот и на Рамковниот договор“, рече Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Имамоглу со убедлива победа на изборите за градоначалник на Истанбул

A1on

Кандидатот на Ердоган го призна поразот на локалните избори во Истанбул

A1on

Анкета: Нова демократија со водство пред Сириза

A1on

Медиумската изборна кампања чинела 3,76 милиони евра, ДИК се откажа од надоместоците

A1on

Актуелниот претседател на Малави освои нов мандат

A1on

За партијата на Макрон резултатите на евроизборите не се „ниту победа, ниту пораз, ниту добар резултат“

A1on