Златен медал за гимнастичарката Елвира Јангеловска

Младата гимнастичарка Елвира Јангеловска од Македонска Каменица со златен медал се враќа од одржаниот гимнастичарски турнир во Благоевград, Република Бугарија. Нејзиниот тренер Мирјана Гошевска, изрази задоволство од постигнатиот резултат, со оглед на фактот што конкуренцијата била доста силна.

-Во Благоевград учествувавме на Вториот Меѓународен турнир во ритмичка гимнастика Пирин Голден Куп 2019. Конкуренцијата беше доста јака, но Јангеловска успеа добро да се претстави и со златен медал да се врати дома, рече Гошевска.

Елвира Јангеловска во изминатиот период има освоено повеќе златни и сребрени медали на неколку европски и балкански првенства. Таа е ученичка во основното училиште „Св.Кирил и Методиј” во Македонска Каменица.

Би можело да ве интересира

Промовирана книга за гимнастиката во Кочани

A1on

Преседан во гимнастиката, доделени четири златни медали во иста дисциплина

A1on

Русија бара и мажи да се натпреваруваат во ритмичка гимнастика

A1on

Топлес гимнастичарки од Данска приредиле скандал на Копакабана

А1он