Поранешна Мис Тин Универзум почина од срцев удар на 19-годишна возраст

Манекенката и некогашна Мис Тин Универзум, Лоте ван дер Зи, почина еден ден пред да наполни 20 години.

Холандската манекенка починала од срцев удар додека била на зимување со семејството во Австрија каде што планирала да го прослави роденденот. Таа две недели била во кома, а починала во средата.

Нејзините родители на Инстаграм споделија фотографија од нивната ќерка.

„Нашиот бисер, нашето сè. Не можеме да поверуваме дека Лоте повеќе не е со нас. Нашите срца се скршени“, напишале нејзините родители.

Лоте во 2017 година беше прогласена за Мис Тин Универзум.

Би можело да ве интересира

Јоханес Хан повторно ќе биде номиниран за комесарска функција во ЕК

Ана Ололовска

Во Австрија дебата за малолетна деликвенција: Кој да се казни – децата или родителите?

Ана Ололовска

Го замислувал австрискиот претседател и пукал во воздух

Ана Ололовска

Реакции по објавата дека Иран го надмина нивото на збогатен ураниум

Австрија забрани пушење во сите угостителски објекти

Ана Ололовска

Австрискиот Парламент го забрани хербицидот глифосат

Ана Ололовска