СДСМ: За еден ден собрани над 32.000 потписи за Стево

„Граѓаните низ целата држава масовно се одзваа на повикот преку потписи да дадат поддршка на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

За само еден ден, над 32.000 граѓани се потпишаа за кандидатурата на Стево.

Со тоа, кандидатурата на Стево е единствената кандидатура за претседател на државата којашто е поддржана практично од над 30.000 граѓани, над 30 политички партии и 60 пратеници.

Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, сите етнички заедници, сите заедно се обединија околу Стево.

Како одговорна и државотворна партија, им се заблагодаруваме на сите граѓани, на сите коалициски партнери, на сите пратеници кои дадоа поддршка за Стево.

Одиме сите заедно со Стево, партии, пратеници, граѓани, одиме сите заедно кон една голема победа за доброто на нашата држава, за подобра иднина за нашата и идните генерации“, се вели во соопштението на СДСМ.