Мексико: Се преврте камион со мигранти, најмалку 25 мртви

Камион, кој превезувал мигранти од Централна Америка се преврте на автопат во јужниот дел на Мексико доцна синоќа, при што загинаа најмалку 25 лица, а 29 се повредени, соопштија локалните власти.

Инцидентот се случи во државата Чиапас, која граничи со Гватемала.

Медиумите соопштуваат камионот од три тони, кој бил без лиценца, скршнал од патот и се превртел.

Секоја година, илјадници мигранти од Централна Америка, главно од Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала, се впуштаат вот опасни патувања низ Мексико, обидувајќи се да стигнат до САД.

Би можело да ве интересира

Мексико распореди речиси 15.000 гардисти по границата со САД

A1on

Во Мексико понудени на аукција имоти на шверцери со дрога

A1on

Мексико го ратификува новиот Договор за слободна трговија со Канада и САД

A1on

САД и Мексико постигнаа договор за превенција на миграцијата од Јужна Америка

A1on

Трамп случајно откри детали од договор за мексиканските мигранти

A1on

Помпео: Мексико е под закана за нови даноци ако не запре имиграција

A1on