Европарламентот ја поддржа Романката Ковеси за европски обвинител

Претседателите на европските парламентарни групи и претседателот на Европскиот Парламент дадоа поддршка за Романката Лаура Кодрута Ковеси во трката за европски обвинител.

Поранешната обвинителка задолжена за борбата против корупција во Романија беше отстранета од својата функција минатата година од страна на романската влада, што предизвика силни критики во Европската Унија. Романија, која моментално претседава со ЕУ, активно лобира против назначувањето на Ковеси на оваа функција на ниво на ЕУ.

Ова ќе биде прв пат да се назначи ЕУ обвинител, во трка се уште двајца кандидати, а земјите членки неодамна го поддржаа Французинот Жан-Франсоа Бонер, додека Европскиот Парламент се изјасни за Романката денеска, откако две комисии претходно гласаа за нејзе.

Европскиот обвинител ќе има задача да истражува злоупотреби на европскиот буџет и ЕУ фондови.

Парламентот и Советот ќе треба сега да влезат во преговори за крајната одлука за европски обвинител, преговори кои би можеле да траат уште долго време.

Би можело да ве интересира

Илјадници луѓе учествуваа на парадата на гордоста во Букурешт

A1on

Чиамба: Одлуката за Северна Македонија е донесена едногласно

A1on

Евроскептиците во Европскиот парламент создадоа нова политичка група

A1on

Романскиот претседател апелирa молдавските политичари да ја почитуваат демократијата

A1on

ЕНАР: Малцинствата „се многу малку застапени“ во Европскиот парламент

A1on

Папата Франциск во Романија: Треба да си помагаме меѓусебно

A1on