(ВИДЕО) Николовски: Започнуваме кампања за избор на нови 12 локации за консолидација на земјоделското земјиште

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Куманово присутвуваше на регионалната работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјоделското земјиште. Согласно Националната стратегија за консолидација на земјоделското земјиште 2012-2020 година, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведува активни национални политики за консолидација на раситнетите земјишни парцели во Република Северна Македонија. Активностите за реализација на стратегијата за консолидација во тековната фаза, се помогнати од страна на проектот „Воведување на национална програма за консолидација на земјиште (МАИНЛАНД)”, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) заедно со МЗШВ. На денешната работилница министерот Николовски на најави новата кампања за избор на нови 12 локации за консолидација на земјоделското земјиште.

„Минатата година во рамките на проектот МАИНЛАНД, Министерството заедно со ФАО ги идентификуваше првите 12 подрачја во државата со највисок потенцијал и интерес за консолидација на земјоделско земјиште. Сега за нив во тек е изработка на физибилити студии за изводливост како основа за определување на идните консолидациони проекти. Наодите од првите пет физибилити студии – за подрачјата Царев Двор, Логоварди, Оптичари, Соколарци и Спанчево се очекуваат во март 2019 година. Оваа година, заедно со ФАО ја започнуваме новата кампањата, оваа е втора, во Прилеп беше првата работилница, на 12 март сме во Струмица. Нашето лично присуство навистина сакаме да даде придонес за подигнување на свеста, ако сакаме да зборуваме за модерно и конкурентно земјоделство, окрупнувањето, консолидацијата се неопходни постапки. Оваа година треба да направиме избор на 12 нови подрачја кадешто е потребно и е можно да се реализираат постапките за консолидација на земјиштето“, посочи Николовски.

Малите и раситнети парцели резултираат со ограничен обем на производство, зголемени транспортни и производствени трошоци и неможност за примена на современа технологија и развојни инвестициони планови. Поради неисплатливоста, малите и раситнети парцели неретко остануваат необработени. Министерот Николовски потенцираше дека со консолидацијата на земјоделското земјиште ќе се овозможи секое земјоделско стопанство да поседува земјиште на поголема парцела, со правилна форма, наспроти малите парцели на различни локации. Тоа ќе придонесе за намалување на трошоците за обработка на земјоделското земјиште, ќе ја зголеми продуктивноста и конкурентноста на земјоделското производство, можностите за примена на модерни производствени методи и технологии, како и можностите за изградба на нова или подобрување на постоечката земјоделска инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Потпишан договорот за втората фаза од проeктот за наводнување на јужната долина на Вардар

Потпишување договор за изведувач за Програмата за наводнување на јужно вардарска долина

Болеста монилија мора да се лекува, не да се ставa под тепих

ВИДЕО: Економијата на добри патеки, зголемен раст на БДП, намалена стапка на невработеност

(ВИДЕО) Николовски: Креираме развојни политики за млекопроизводството

ВИДЕО: Потпишани првите од вкупно 20-те договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари

Сандра Бошковска