Закерберг: Фејсбук отсега повеќе ќе се грижи за приватноста на корисниците

Марк Закерберг вети дека неговиот тим ќе се погрижи во иднина Фејсбук да овозможи поголема заштита на личниот живот на корисниците, со цел да се врати довербата во платформата.

– Фејсбук мора да биде обединета мрежа што ќе биде понасочена кон приватните размени, за разлика од објавите видливи за голем број луѓе и на форматите како „приказна“ (story) каде што објавите се бришат по 24 часа. Кога размислуваме за иднината на интернетот, мислиме на тоа како платформите за приватни комуникации да бидат поважни од денешните „отворени платформи”, истакна Закерберг.

Тој натаму напомна дека промените ги следат новите вкусови на корисниците. Планот практично значи техничко потесно поврзување на опциите за јавни објави со Месинџерот, Инстаграм и со Ватс-Ап.

– Иако во овој миг не сме високо на листата во однос на заштитата на приватноста, ќе развиеме услуги кои луѓето навистина ги посакуваат, истакна Закерберг.

Би можело да ве интересира

Гугл и Фејсбук реагираат на санкциите на САД против Хуавеј

A1on

Фејсбук за три месеци затворил над две милијарди лажни профили

A1on

„Си-Ен-Ен”: Закерберг не доаѓа да сведочи во канадскиот Парламент

A1on

Фејсбук лансира своја криптовалута

A1on

Фејсбук избриша дури 2,2 милијарди лажни профили

A1on

„Фејсбук“ развива сопствена вештачка интелигенција со помош на роботи

A1on