Климатски промени, глад и смрт: Eксплозија во Кашмир ќе го уништи целиот свет

Бизнис инсајдер – Њујорк

Конфликтот меѓу Индија и Пакистан расте, и не е невозможно една од двете земји, еден убав ден, да одлучи да користи нуклеарно оружје. Ова ќе има далекусежни последици, велат експертите од американскиот Национален центар за атмосферски истражувања.

Ако во регионот бидат детонирани неколку бомби, климата во светот ќе се промени и ќе се појави глад и смрт. Според Мајкл Милс, експерт од Национален центар за атмосферски истражувања, експлозијата нема да предизвика само силен шок и зрачење, туку и интензивна топлина што ќе предизвика пожари во радиус од сто километри. Ова ќе доведе до формирање на огнени торнада кои ќе проголтаат и ќе уништат сè на патот. Во атмосферата ќе бидат исфрлени големи количини на чад и пепел, кои ќе го сокријат Сонцето.

Детонацијата на 50 нуклеарни глави (половина од потенцијалот на двете земји) во атмосферата ќе подигне пет милиони тони фини честички. Ова ќе биде доволно за да се формира „заштитна” обвивка околу целата планета и да настапи нуклеарна зима. Таа ќе трае децении и ќе уништи скоро 30 отсто од озонската обвивка.

Просечните температури ќе паднат за 1,5 степени под нормалата. Во земјите со умерена клима, заладувањето може да биде многу позначајно. Во зима температурите ќе паднат за 2,5 степени, а во лето – за 1,4 степени. Ова ќе го скрати периодот на раст и развој на растенијата за 10-40 дена. Загубата на топлина во океаните ќе има негативно влијание врз морските животни и риболовот. Оваа ситуација ќе трае најмалку 25 години.

 

Би можело да ве интересира

Силно невреме урна шатор во Индија, 14 лица загинаа

A1on

Пакистански владини претставници добија мачкини уши при пренос во живо на „Фејсбук“

A1on

Во Индија 49 починати од екстремно високи температури

A1on

Индија воведува царини за некои американски производи

A1on

Индија воведува царини за 29 прехрамбени производи од САД

A1on

Во Индија пред циклон евакуирани 300.000 луѓе

A1on