Нетфликс ќе снима серија според „Сто години самотија“ на Маркез

Американската ТВ платформа и продукциска куќа Нетфликс соопшти дека ќе сними телевизиска серија според познатиот роман на Габриел Гарсија Маркез – „Сто години самотија“, откако ги доби авторските права од семејството на колумбискиот книжевник.

Нетфликс ги доби правата за ремек-делото на Маркез. Првпат неговото семејство ги отстапува правата за екранизација на некое негово дело.

Епската приказна „Сто години самотија“ од 1967 година е продадена во над 50 милиони примероци и преведена на повеќе од 40 јазици. Маркез, добитникот на Нобеловата награда за книжевност од 1982., почина 2014 година во Мексико. Се смета за еден од најголемите писатели од шпанското говорно подрачје.

Засега не се знае кога ќе почне снимањето на серијата.

Би можело да ве интересира

Проекција на филмот „Лиза-лисицата самовила“

Ана Ололовска

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” доби повеќе признанија, ќе биде прикажан на седум фестивали

Ана Ололовска

Eвропски филмови на „Кафе кино“ од 6 до 16 јули

Ана Ололовска

„Медена земја“ и „Петрунија“ во трка за наградата „Лукс“ во Карлови Вари

Ана Ололовска

Тинејџерска серија критикувана поради експлицитност

Ана Ололовска

„Наскоро“ можно продолжение на Breaking Bad

Ана Ололовска