Орбан го одби ултиматумот

Унгарската владејачка партија Фидес, на премиерот Виктор Орбан, го одби ултиматумот на водечкиот кандидат за претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, кој постави три услови: Фидес да престане со кампања против ЕУ, да им се извини на колегите од ЕПП и да му дозволи на Централно-европскиот инситут на Џорџ Сорос да остане во Будимпешта.

„Од ништо нема да се откажеме. Одбраната на евроспките вредности и христијаните, како и спречување на масовната миграција за нас се поважни од дисциплината на партијата во рамки на ЕПП“ порача портпаролот на Фидес.

Трите услови се понудени за да се избегне евентуално исклучување на владејачката унгарска партија од членството во Европската народна партија. Досега 13 членки на ЕПП го поддржа ова барање.

Би можело да ве интересира

Вебер: ЕПП има мандат за состав на нова Европска комисија

A1on

ЕПП и Социјалдемократите и понатаму најбројни во ЕП

A1on

Вебер од Атина ја почна предизборната кампања за претседател на ЕК

A1on

Курц за шестмесечна суспензија на партијата на Орбан од ЕПП

A1on

ЕПП ќе разгледува исклучување или суспензија на партијата на Орбан

A1on

ЕПП утре ќе дискутира за исклучување на партијата на Виктор Орбан

A1on