Астронаутка порасна за пет сантиметри

Американската астронаутка Ен Меклејн, која е на мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС), тврди дека нејзиниот костим веќе не ѝ е точен, односно мерењата утврдиле дека таа е пет сантиметри повисока од денот кога пред три месеци пристигнала на МВС.

Веќе е научно докажано дека неколкумесечен престој во Вселената доведува до раст на телото, обично за еден-два сантиметра, а некогаш и повеќе. Но, на што се должи тоа?

Кога човекот се наоѓа во простор без земјината тежа и гравитација, пршлените се отпуштаат и издолжуваат. Така астронаутите стануват неколку сантиметри повисоки.

Но, кога тие ќе се вратат на Земјата, повторно ќе „се смалат“, односно ќе си се вратат на својата вообичаена висина.