ВИДЕО: Плафон од тоалет падна во „Стив Наумов“

Плафон од тоалет ноќеска по полноќ паднал во студентскиот дом „Стив Наумов” во Скопје. Студент кој престојувал во собата, во која се наоѓал тоалетот преграден со гипс картон, вели дека ова не е прв ваков случај, а заедно со неговите цимери стравува дека доколку не се реагира може некој да настрада. Во моментот кога паднал плафонот имало тројца студенти.

„На спиење, ноќеска околу 2 часот по полноќ, падна плафонот кој е граден од трска. Така се правени сите плафони. Гипс, трски и вода не може да издржи, оти од пареата кондензира и по три години паѓа. Ова го знае секој, а никој не презема активнсти за да се превенира на време”, вели студент од домот за „А1он“.

На прашање, како им се гарантира безбедноста во домот, доколку конструкцијата на плафоните попушта, студентот вели „Се е оставено на господ“.

Откако се случил инцидентот, службите од домот ги запреле вентилите, бидејќи од подот биле скинати цревата за вода од чешмите. Утрово пак, двајца хаус мајстори ја расчистиле водата, ја промениле санитаријата и ветиле дека до утре тоалетот ќе биде саниран.

Студентите од домот „Стив Наумов“ повикуваат што побрзо да се реши овој проблем, бидејќи истиот се провлекува и продлабочува низ годините.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Со поддршка од Германија ќе се реконструираат студентските домови

Наум Локоски

Шеесет милиони денари во Буџетот за 2019 за студентските домови

Наум Локоски

Здружението на директори на ученичките и студентски домови бара зголемување на партиципацијата која ја добива од државата

Наум Локоски

(ВИДЕО) Манасиевски: СДСМ ги одби амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за доделување 40 милиони денари за реконструкција на студентски домови

Ана Ололовска

Студент пронајде железо во својата панцерота од мензата во „Гоце Делчев“

Ана Ололовска

Нови 79 милиони денари за Државниот студентски центар

Ана Ололовска