Индија не е вознемирена од укинувањето на трговските преференции од САД

Индија не е вознемирена од намерата на американскиот претседател Доналд Трамп за скусување на трговските преференции, појаснувајќи дека извозот на Њу Делхи во САД ќе биде незначителен.

– Годишниот извоз на Индија во САД изнесува близу 80 милијарди долари, но обемот кој се покрив од Генерализираниот систем на преференции (ГСП) изнесува само 5,6 милијарди долари, изјави министерот за трговија Ануп Вадхаван.

Иако Индија е најголем корисник на ГСП, Вадхаван потенцира дека царинсиките преференции од ГСП изнесуваат само 190 милиони долари годишно.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да стави крај на преференцијалниот трговски договор со Индија, откако не успеа да обезбеди пристап на САД до пазарите на таа земја. – Го преземам овој чекор бидејќи Индија не ги увери САД дека ќе обезбеди фер и разумен пристап до пазарите во Индија”, додаде тој.

Во меѓувреме, Канцеларијата на американскиот трговски претставник издаде соопштение во кое се вели дека Вашингтон има намера да го прекине статусот на повластен трговски статус на Турција.

Би можело да ве интересира

Џорџ Сорос и други милијардери бараат данок на богатство во САД

A1on

Одделот за истражување на „Хуавеи“ во САД се обидува да изгради нов идентитет

A1on

Трамп најави строги санкции за иранскиот врховен водач

A1on

Уапсено лице кое планирало напад врз Амбасадата на САД во Брисел

A1on

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

A1on

Уште еден американски воен брод вплови во води близу Блискиот исток

A1on