„Патокази во пустина” – афоризми од Љупчо Силјановски

„Патокази во пустина” која содржи илјада и еден афоризам е најновата книга на писателот Љупчо Силјановски во издание на „Везилка 2011”.

Авторот во предговорот на книгата објаснува како почнал да пишува афиризми, а во врска со патоказите во насловот вели дека во младоста бил фасциниран од поезијата на француските симбоилисти, а особено од Бодлер.

-Никогаш не ги заборавив неговите стихови од збирката „Сплин“: „Во пустината на духот оаза на очајот. Веќе погодувате каде целам со овие патокази?”, наведува Силјановски.

Тој е поет, раскажувач, драматург, ТВ-автор, сатиричар. Автор е на три романи, две книги раскази и две драми, како и на поетските книги „Јагула”, ,,Зимски обед”, „Церебрална спална”, „Лична карта”… Објавил и десетина книги за деца и младинци.

Би можело да ве интересира

Претставена книгата „Да не бидам покусо“ од Звездан Георгиевски

Промовирана книгата „Лет со умот кон папокот на универзумот“

Драмско дело за Прличев од академик Витомир Митевски

Промоција на книгата „Воздигање над облаците“