ВИДЕО: Грејс Џонс на 71-годишна возраст изгледа барем двојно помлада

Пејачката, глумица и манекенка Грејс Џонс се појави на модната ревија на Томи Хилфигер на Модната недела во Париз.

За Бонд девојката која е на самиот почеток на осмата деценија од животот, многумина би рекле дека ги засени повеќето од своите помлади колешки како главен адут за реклама на новата колекција која ја дизајнираше Зендаја Колмен.

Џонс се појави на модната писта во металик јакна и златно боди, танцувајќи на песната „Pull up to the bumper”.

За неа, поп ѕвездите Ријана и Лејди Гага признаа дека им е огромна инспирација… А, кога Лејди Гага ѝ понудила соработка, Грејс, дрска како и секогаш, во истиот миг ја одби со образложение дека не работи со плагијаторки на нејзината работа.

Би можело да ве интересира

„Гучи“ ја воведува вештачката интелигенција во модата

A1on

Очилата за сонце имаат рок на траење

A1on

Првиот ангел на Викторија Сикрет со облини

A1on

ВИДЕО: Манекен почина на ревија во Сао Паоло

A1on

Нова Адидас колекција на облека и обувки во соработка со Бијонсе

A1on

Маја Кикириткова ја претстави својата нова колекција „Елеазар“

A1on