Берлин: Никој не треба да ја диктира енергетската политика на Европа

Дојче веле – Бон

Жестоката критика на САД на адреса на „Северен поток 2″ создава мала доверба. Вашингтон првенствено се интересира за сопствените економски интереси.

Не е за изненадување тоа што САД се противат на „Северен поток 2“. Уште во 80-тите години на минатиот век Американците беа против гасовод, изграден преку територијата на Украина (станува збор за гасоводот Уренгој-Помари-Ужгород). Тогашната германска Влада успеа да го спроведе проектот, иако беше изложена на силен притисок од страна на Белата куќа, на чие чело беше Роналд Реган (1981-1989 година). САД никогаш не сакаа Европа да стане помалку зависна од геостратегиската енергетска политика на Вашингтон.

Интензитетот, со кој сегашниот американски амбасадор во Берлин Ричард Гренел се изјаснува против „Северен поток 2″ делумно се должи на стилот на Администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Писма со отворени закани на адреса на компаниите-учесници во проектот се разменуваат со коментари во европските онлајн изданија или весници. Делумо зад тоа стојат променетите глобални интереси на американската политика во енергетската област.

Ајде да и погледнеме на вистината во очи: всушност, САД се противат на поголемата автономија на Европската унија во енергетската политика. „Северен поток 2“ не е германски државен проект: тој се финансира од германски, австриски, холандски и француски компании.

Гасоводот создава меѓузависност

Тврдењето дека Европа ќе стане позависна или уште подостапна за уцена од страна на Русија, едноставно не е вистина. Гасоводите создаваат взаемна зависност: некои имаат потреба од гас, други од пари. Но, ако зборуваме конкретно, Русија не може така лесно да ги смени своите клиенти, а Европа може лесно да ги смени своите добавувачи. Има широк избор на гасоводи и терминали, кои имаат доволен капацитет. Европската гасна мрежа сега е толку добро развиена, што ниту една држава од ЕУ повеќе не зависи само од еден снабдувач – дури ни Украина, која се снабдува со „синото гориво” од Западот.

Европа не може да биде уценувана со гас, но Русија се потпира на приходите од извезениот гас. Тие претставуваат значителен дел од државниот буџет. Во случај на потреба, Русија, исто така, може да ги намали цените доколку е потребно за да го задржи обемот на својот извоз.

Всушност, ниту самиот Гренел, ниту неговите колеги амбасадори, не веруваат во нивните сопствени аргументи. Истиот гас од Русија, вели тој, не ја прави ЕУ зависна од Москва, ако доаѓа од Украина. Но, искуството исто така покажува: снабдувањето со сибирски гас беше сигурно дури и по колапсот на СССР. Проблемот со транзитот се случи во овој век и само еднаш – кога Русија и Украина се скараа поради цените на транзитот на гасот, како и меѓусебните обвинувања за уцена и грабеж, кои беа првенствено штетни за јужноевропски земји.

Но, во реалноста станува збор за друго: ако вештачки биде ограничен пристапот на еден од снабдувачите на слободниот енергетски пазар на ЕУ преку забраната на „Северен поток 2″, тоа ќе доведе до намалување на понудата. Помалку набавка, повисоки цени. Тоа е добро за САД. Производството на фракинг гас во просек чини 20 отсто повеќе од гасот од гасовод. Поради оваа причина, тој тешко може да биде конкурентен на европскиот пазар.

САД сакаат да станат водечки извозник на течен гас

Ова е тоа што се смени во споредба со времето на Реган и е вистинската причина за бруталните активности на американските дипломати: за разлика од минатото, денес САД не сакаат само да ја спречат поголема независност на ЕУ од Вашингтон. Што е најважно, тие самите сакаат да им продаваат гас за Европејците!

Во последните години благодарение на бумот на фракингот, САД станаа водечки светски производител на нафта и гас. И Американците вложуваат многу напори да се претворат во водечки извозник на течен гас. Извозните капацитети на САД ќе надминат 70 милиони тони гас по завршување на изградбата на соодветната инфраструктура. Тој обем ќе биде доволен за покривање на целата потрошувачка на гас во Германија. Претседателот на американските извозници Чарли Ридл јавно изјави дека во следните шест години САД имаат намера да се претворат во главен снабдувач на гас на Европа.

Но, американскиот течен природен гас има два проблема: економски и еколошки. Гасот, добиен со помош на големо количество енергија што се лади на -161 степени за да се стврдне и во таква состојба да се натовари на бродови и да мине една третина од земјината топка, едвај е подобар од гледна точка на заштитата на климата од европскиот јаглен. Овој гас е исто така скап.

ЕУ треба да ја намали својата зависност од гас

Ние можеме да го третираме „Северниот поток 2“ онака како што сакаме, но ЕУ ќе ја направи вистинската работа ако не им дозволи на САД да им диктираат на Европејците како да ја уредат својата енергетска политика. Би било уште подобро ако Брисел ја градеше оваа политика врз основа на вистинска независност. Официјалниот курс на ЕУ е насочен кон зголемување на увозот на гас. Би било поумно да се намали потрошувачката на минерали: на сметка на намалување на потрошувачката на енергија, штедење и зголемување на учеството на обновливите извори. Тоа не само што ќе помогне во постигнување на сопствените цели за заштита на климата. Ова ќе ја зајакне стратешката независност на ЕУ.

Ако во Германија годишно се спроведуваше топлинска изолација на три отсто од станбените згради и беше ставен акцент на развојот на обновливи извори на енергија, тогаш до 2030 година можевме да заштедиме толку гас колку што денес увезуваме од Русија.

Ова е лоша вест за Ричард Гренел: такво сценарио, со оглед на конкуренцијата и падот на цените на гасот, природно ќе го погоди „Газпром“, но најсилно – извозот од САД. Така Администрацијата на Трамп има јасни причини да се спротивстави на заштитата на климата.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да воведе санкции за проектот за гасоводот Северен поток 2

A1on

Бектеши: Гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар еден од најдобрите реализирани проекти оваа година

A1on

Борисов и Ципрас ќе го означат почетокот на изградбата на интерконекторот за гас меѓу Грција и Бугарија

A1on

ЕУ усвои измени на Директивата за природен гас

A1on

Источниот Медитеран како нов извор на природен гас

A1on

„Куманово-Гас“ распиша тендерска постапка за избор на компанија за проширување на гасоводната мрежа

A1on