ВИДЕО: Навалица за субвенции за инвертер-клими

Редици граѓани од утрово чекаат да поднесат барање за субвенција за инвертер-клима на шалтерите во бараките на Град Скопје. Неофицијално, до 13 часот се стигнати повеќе од 400 барања. Некои од луѓето што успеаја да завршат работа велат дека чекале повеќе од еден час, а малкумина се откажале и си заминале. Покрај долгото чекање, некои од граѓаните се жалат и дека немало доволно известувања за потребната документација, па требало да се враќаат повторно во бараката број 16.

Денеска е првиот ден за аплицирање, а принципот на субвенционирањето е прв дојден, прв услужен. Висината на субвенцијата ќе биде во износ од 50 отсто од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход. Повикот важи за клима-уреди купени од 1 јануари, а ќе трае до 30 ноември 2019, односно до исцрпување на средствата од буџетот на Град Скопје.

На јавниот повик немаат право на учество домаќинствата што имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, кои имаат можност за приклучување на системот за централно греење, како и жителите што имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во него.

Субвенциите за инвертер клима-уреди се дел од мерките против загадувањето, а Град Скопје веќе дава субвенции и за печки на пелети, велосипеди и за чистење оџаци.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

A1on

ВИДЕО: Потпишан договорот за проект за изградба на нов мост на Вардар и тунели под Кале

A1on

Шилегов: Саемот за безбедност детално ќе ги информира нашите сограѓани за самозаштитата од кражби

A1on

Објавен јавниот повик за субвенционирање на занаети во Старата скопска чаршија

A1on

Скопје има нов парк – „Ибни Пајко” во центарот на градот

A1on

Отказ за работникот од „Комунална хигиена“ кој фрли отпад во Вардар

A1on