Најмалку 29 загинати во самоубиствен напад во Сомалија

Бројот на загинати при самоубиствениот напад на екстремистичката група Ал Шабаб во хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу се искачи на 29, а повредени се 80 луѓе.

– Засега знаеме дека загинале 29 лица, поголемиот број цивили, а 80 се повредени, изјави полицискиот мајор Муса Али.

Тој додаде дека во тек е престрелка помеѓу полициските сили и екстремистите на местото на експлозијата, при тоа предупредувајќи дека можно е да расте бројот на жртви.

Одговорноста за синоќешниот напад ја презеде терористичката организација Ал Шабаб.

Тоа е најсилна експлозија во Могадишу во последните неколку години. Парчиња стакло летале и по неколку километри од местото на експлозијата.

Ал Шабаб се бори против сомалиската Влада, која има поддршка од западните сили, а е под заштита на Мисијата на Африканска унија.

Би можело да ве интересира

Во нападот на Ал Шабаб загинаа 26 лица, меѓу кои и странски државјани

Ана Ололовска

Ал Шабаб нападна хотел во Сомалија, загинаа најмалку 12 лица

Татјана Ташкова

Расте бројот на загинати во нападот врз центарот за мигранти во Триполи

Татјана Ташкова

Гутереш огорчен поради нападот во Либија, повика на итна истрага

Со боксови нападнат ЛГБТИ активист во Сарај: Ќе те убиеме, а другарките ќе ги силуваме

Кристијан Ландов

Двајца ранети при напад пред џамија во Франција