(ВИДЕО) Затуровска до Заев: Дали ќе градите клинички или вселенски брод со 480 милиони евра?

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуровска на денешната седница за пратенички прашања, праша зошто од Буџетот ќе се издвои огромна сума од 480 милиони евра за изградба на новиот клинички центар, што е 4 пати повеќе од сумата што ја предвидела претходната власт.

Побара објаснување и кажа дека постои сомнеж дека овие пари ќе завршат во нечии џебови.

„Здравството ви служи како алатка за неважни цели, преку него само се слеваат пари во нечии џебови. Се сомневам дека ќе понудите услуга како што заслужуваат граѓаните. Дали тоа ќе биде вселенски брод или клинички? Зошто толкава сума кога ВМРО-ДПМНЕ имаше предвидено 120 милиони евра?“, вели Затуровска.

Одговор даде премиерот, Зоран Заев. Тој тврдеше дека ова сума била предвидена со физибилити студија која била изработена и наследена од претходната власт.

„Имавме веќе изработена студија и нема потреба да се тршат пари за нова. Ова е џиновски проект и покрај клинички ќе има и училишта за обука на медицински персонал, студенски домови, истражувачки центри. И сето тоа ќе го градиме на основа на овој документ. Би сакал да ве повикам и вас како опозиција да се вклучите и заеднички да го реализираме овој огромен проект“, одговори Заев.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Трајко Димков и Артан Груби ќе учествуваат во Комисијата за избор на работници од УБК

A1on

Собранието утре ќе ги гласа предлозите за избор на нови членови на Владата

A1on

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка од заменик-министер

A1ON

Биографијата на Заев за министер за финансии како во времето за Тито

A1on

Наместо да мете криминал и неспособност, со метлата Заев се назначи и за министер за финансии

A1on

Последна шанса за Филипче да го набави лекот за болните од мускулна атрофија

A1on