Околу илјада свадби во Москва закажани за 8 март

Речиси илјада двојки решија да стапат во брак во рускиот главен град на 8 март, објави Градската управа на својата официјална страница.

Тоа е двојно повеќе од минатата година.

Во соопштението се наведува дека церемониите ќе се одржат еден ден пред и по празникот, на 7 и 9 март, бидејќи службите на 8 март не работат.

Според Елена Ефремова, шеф на институцијата за регистрација на бракови во општината, стремежот да се поврзе свадбата со овој датум е долгогодишна традиција за московските младенци.

Многу често младите избираат да склучат брак на датуми поврзани со големи празници кога улиците се украсени и луѓето расположени. Меѓу тие датуми се празникот на Москва, Денот на љубовта, семејството и верноста, како и Денот на вљубените.

Во последните две години зголемена е тенденцијата за свадби на 8 март. Во 2017 година имало 200, а во 2018 година – 500 свадби.