Оже-Алиасим е најмладиот финалист на турнир од АТП 500

Неверојатната недела за големиот талент Феликс Оже-Алиасим продолжува и тој се пласираше во финалето на турнирот од категорија АТП 500 во Рио де Жанеиро!

Осумнаесет годишниот Канаѓанец немаше пласман во полуфинале на ниво АТП до овој момент во својата кариера, но во првото такво, го победи Пабло Куевас со 6:3, 3:6, 6:3. Така Оже-Алиасим стана најмладиот финалист на турнирот од АТП 500 сериите, откако оваа категорија беше воспоставена во 2009-та.

– Неверојатно е. Незамисливо. Секогаш верувам во себе, но искрено, денес мислев дека шансата за победа е многу мала, бидејќи мислам дека Пабло е неверојатен играч. Тој го освоил турнирот и има многу искуство. Но од самиот почеток се чувствував добро. Многу сум среќен, изјави финалистот кој пред Рио имаше едно единствено четвртфинале на ова ниво – во Ченду минатата година, кога играше како „среќен губитник“.

Досега најмладиот финалист на АТП 500 беше Александар Зверев, кој на 19 години и 2 месеци го изгуби финалето во Хале во 2016 година.

Ривал на Оже-Алиасим во финалето ќе му биде српскиот тенисер Ласло Џере, кој помина преку полуфиналето без натпревар поради повреда на Алјаж Бедене. Двајцата не играле еден против друг, а финалето е прво за Џере.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ ја зголеми предноста во однос на Надал на врвот на АТП листата

A1on

Вавринка со прво финале на АТП турнир по двете операции

Sandra Boshkovska

Сандгрен со прва АТП титула во кариерата

А1он

ВИДЕО: АТП претстави нов екипен турнир

А1он

Тим го победи Нишикори и чека пораз на Федерер за пласман во полуфиналето

А1он

Ѓоковиќ и официјално број еден

A1on