Металург ја брка третата победа во СЕХА лигата на гостувањето кај Стеауа

Ракометрите на Металург денеска од 17.30 часот излегуваат против Стеауа, во меч од 17-то коло во СЕХА лигата.

Избраниците на Данило Брестовац во својот 15-ти меч сезонава во регионалното натпреварување ќе се потрудат да одиграат добар натпревар со желба да ја забележат третата победа сезонава.

– Ова ќе биде уште еден натпревар во кој ќе се обидеме да надиграме далеку поискусен и поквалитетен состав од нас. Без Александер Шпенде во игра ќе биде уште потешко, но верувам и се надевам дека секој од играчите ќе го даде својот максимален придонес за што подобра и поквалитетна игра на нашиот тим, вели Данило Брестовац.

Некогашниот европски првак Стеауа со 18 поени (6 победи и 10 порази) е на шестата позиција на табелата во СЕХА. Металург е претпоследен со само 9 бода и две победи од 14 меча.

Би можело да ве интересира

Екипа од Кина дел од СЕХА во следната сезона

A1on

Дибиров: Победата ја посветуваме на Дисингер

A1on

СЕХА: Криштопанс прогласен за најкорисен ракометар, Вардар со четворица во најдобриот тим

A1on

Брестовац го објави поширокиот список на сениорите за квалификациските натпревари

A1on

Четворица ракометари на Вардар во Ол стар тимот на СЕХА лигата

A1on

Вардар против Мешков во полуфиналето на СЕХА лигата

A1on