Мексико формираше Национална гарда

Мексиканскиот Сенат едногласно ја одобри идејата на новиот претседател Андрес мануел Лопес Обрадор за формирање Национална гарда.

Националната гарда ќе се состои од најподготвените припадници на безбедносните сили, вклучително и армијата. Таа ќе биде под одговорност на Министерството за внатрешни работи наместо за одбрана.

Се предвидува да запре употребата на мексиканската војска за гарантирање на редот и борба со криминалот, што е во сила од 2006 година.

– Ќе имаме орган кој ќе ја гарантира внатрешната безбедност, без да ги нарушува правата на граѓаните, изјави сенаторот Едуардо Рамирес.

– Војниците треба да ги напуштат улиците на Мексико и да се вратат во касарните и воено-поморските бази, дополни сенаторот.

Би можело да ве интересира

Мексико распореди речиси 15.000 гардисти по границата со САД

A1on

Во Мексико понудени на аукција имоти на шверцери со дрога

A1on

Мексико го ратификува новиот Договор за слободна трговија со Канада и САД

A1on

САД и Мексико постигнаа договор за превенција на миграцијата од Јужна Америка

A1on

Трамп случајно откри детали од договор за мексиканските мигранти

A1on

Помпео: Мексико е под закана за нови даноци ако не запре имиграција

A1on