Фазлиу презентираше проекти за развој на туризмот во Дојран, Студеничани, Чешиново-Облешево и Кривогаштани

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакијан на прес конференција ги презентираа проектите за развој на туризмот во општините Дојран, Студеничани, Чешиново-Облешево и Кривогаштани.

Станува збор за изработка на проектна документација за четири рурални општини од Југоисточниот, Источниот, Скопскиот и од Пелагонискиот плански регион, кои што имаат статус на најмалку развиени.

– Целта е туристичките потенцијали да ги направиме видливи за потенцијалните инвеститори. На општините да им помогнеме да го направат првиот голем чекор кон обезбедување на средства за реализација пред се на инфраструктурни проекти. Тоа ќе отвори нови можности за локалното население да развијат мали, семејни бизниси кои што ќе отворат нови работни места. На овој начин создаваме услови туристичките потенцијали да станат туристички дестинации, а локалниот туризам да има значајно влијание на локалната економија, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

Станува збор за изработка на:

1.Физибилити-анализа и идејни проекти за спа и велнес-центри во општина Чешиново-Облешево во вредност од 369,389 денари.

2.1 Инфраструктурен и основен проект за изградба на локален пат во општина Дојран од село Ѓопчели да параглајдерската писта во вредност од 420,000 денари

2.2.Инфраструктурен и основен проект за изградба и реконструкција на пешачка патека во општина Дојран во вредност од 198,000 денари

3.Инфраструктурен и основен проект за изградба на локален пат во Општина Студеничани, Преслап- Мала Река во вредност од 510,000 денари

4. Инфраструктурен и основен проект за изградба на локален пат во Општина Кривогаштани- во вредност од 336,000 денари

4.1. Локален пат – Кривогаштани да Петочница;

4.2. Локален пат – село Обрешани до манастир „Пресвета Богородица“; и

4.3. Локален пат од индустриска зона „Славеј“ до археолошки локалитет „Врбјанска Чука“.

Во рамките на проектот реализиран со поддршка на УНДП, е направено и мапирање на туристичките потенцијали на Југоисточниот, Источниот, Скопскиот и на Пелагонискиот плански регион, а, како што беше најавено од страна на градоначалниците, за реализација на проектот во општина Чешиново-Облешево благодарение на подготвената техничка документација веќе има заинтересиран инвеститор, а општина Дојран успеа да обезбеди и реализација на втората фаза за урбанистичко подобрување и опремување на пешачката патека покрај Дојранското Езеро.

Би можело да ве интересира

Сомелиери за сирење и вино имаме, но угостителите не се заинтересирани да ги ангажираат

Ана Ололовска

Ќе се уредува нова плажа на Дојранското Езеро во Сретеново

Ана Ололовска

Презентација на традиционалната храна и култура за запознавање на Преспа

Ана Ололовска

За 2,9 проценти зголемен бројот на туристи во април годинава

Ана Ололовска

„Почувствувај го Скопје“ – меѓународна конференција за туризам

Ана Ололовска

Фазлиу: Надлежните да направат анализи и да излезат со конкретни докази за евентуални злоупотреби

Ана Ололовска