Куќи од 10 квадратни метри во Хонг Конг

Хонг Конг денес е толку скап за градење, така што е речиси незамисливо некој со просечна заработувачка да купити стан во овој кинески град.

Поради тоа, група архитекти се досетиле да градат куќички што се протегаат на површина од едвај десет квадратни метри. Интересно е што тие се изработени од бетонски водоводни цевки, јави „Бизнис инсајдер“.

Џејмс Лао, еден од хонгконшките архитекти, смета дека овие микро-домови би можеле да ја ублажат станбената криза во градот, оти нивниот ентериер ги има сите погодности на современиот дом.

Парчињата водоводни и одводни цевки може да се сместат меѓу згради, на напуштени бродоградилишта или до самите автопатишта.

Би можело да ве интересира

Шумска куќичка во облик на спирала

A1on

Проѕирен базен на покрив од 55-катница во Лондон

A1on

ВИДЕО: Македонски павилјон на Прашкото Квадриенале

A1on

Луксузен швајцарски „биткоин“ часовник

A1on

Симбиоза на каменот и морето

A1on

Куќа со базен на провиден покрив на Малта

A1on