Најинтересните карактеристики на Самсунг Галакси Ес10, Галакси Ес10 + и Галакси Ес10e

Самсунг одржа еден од најочекуваните настани во технолошката индустрија со премиерата на Галакси Ес10. Новата серија нуди импресивни карактеристики, вклучувајќи и тројна камера и сензорите за отпечатоци на екранот. Компанијата означува десет години од промоцијата на оригиналниот Галакси Ес со три уреди наречени Галакси Ес10, Ес10 + и Ес10e.

Нивните карактеристики вклучуваат ултратенки „Инфинити-O“ дисплеи со вградени камери во екранот, 7-нанометри процесори „Куалком Снапдрагон“ 855, 8ГБ РАМ и 1ТБ внатрешна меморија.

Секој од паметните телефони нуди нешто поинакво за ценовната класа, и секако ќе биде еден од најпродаваните паметни телефони во 2019 година.

Еве и што треба да знаете за новата Галакси Ес10 серија смартфони:

1. Дизајн

Серијата Самсунг Галакси Ес10 го доразвива дизајн концептот на своите претходници и нуди дисплеј со минимални рамки, ултратенки димензии и сензори за отпечаток вградени во екранот. Една од првите работи што ќе ве импресионираат се отворите за камерите во паметните телефони. На дното се наоѓа приклучок „УСБ Tип-Ц“, звучник и 3.5 милиметарски аудио приклучок. Дебелината на Галакси Ес10 и Галакси Ес10 + е 7,8 милиметри, а на Галакси Ес10e 7,9 милиметри.

2. Екран

Самсунг Галакси Ес10 ќе предложи 6.1-инчен Супер АМОЛЕД дисплеј од последната генерација, додека Ес10+ ќе биде со 6.3-инчна дијагонала. Резолуцијата и кај двата модела е 3040х1440 при густина на пикселите од соодветно 522ппи и 550ппи за Галакси Ес10 / Ес10 +. „Евтиниот“ модел од серијата има 5,8-инчен екран со дизајн „Инфинити-O“ кој поддржува 2280×1080 резолуција со густина од 568ппи. Екранот е со сооднос 19:9 за трите нови паметни телефони.

3. Процесор и РАМ меморија

Една од најдобрите карактеристики на Самсунг Галакси Ес10 е несомнено 7-нанометарскиот „Куалком Снапдрагон 855“ процесор. Овој чип нуди поддршка за 4K, ХДР10 + видео, вештачка интелигенција, ВР игри, како и 5Г мрежи. Сепак, ние треба да напомнеме дека некои пазари, исто така, ќе продаваат верзии на Ексинос 9820 чипови на Самсунг. Идните сопственици на паметни телефони ќе можат да избираат помеѓу 6ГБ /8ГБ и 12ГБ РАМ меморија.

4. Камери

Самсунг Галакси Ес10 и Ес10 + се опремени со три задни камери кои нудат комбинација меѓу „Ултра вајд“ објектив со 16MП резолуција, ф / 2.2 бленда која е дополнета од 12MП сензор со „Дуал Пиксел ОИС“ стабилизација на сликата и 12MП телефото сензор. Стандардниот модел на серијата има 10MП камера за селфи фотки, додека Галакси Ес10 + нуди два сензори од 10MП / 8MП. Самсунг Галакси Ес10e има две 16MП / 12MП камери и 10MП сензор однапред.

5. Хардвер и вградена меморија

Ултразвучниот сензор за отпечатоци е биометриска технологија со највисока безбедност и клучна карактеристика на паметните телефони. Вградувањето на овие компоненти на екранот ги прави попрецизни, но исто така обезбедува максимален простор за самиот екран на допир. Смартфоните Самсунг Галакси Ес10 поддржуваат безжично полнење и ќе се продаваат во верзии со 128ГБ / 512ГБ и 1ТБ меморија и со нова верзија на „Галакси Бадс“ слушалките.

6. Батерија, софтвер и цена

Самсунг Галакси Ес10 е опремен со батерија од 3400 милиампер часови, а кај Галакси Ес10 +, полнежот е 4100 милиампер часови. Уредите ќе бидат први што ќе го користат новиот кориснички интерфејс на компанијата „Уан УИ“. „Евтиниот“ модел, исто така, работи со Андроид 9.0 Пај и има 3100 милиампер часови батерија. Цената му е 749 евра.

Потрошувачите ќе можат да ја купат 6ГБ РАМ /128ГБ верзија на Галакси Ес10 за 899 евра, додека конфигурацијата со 512ГБ чини 1.149 евра.

Основниот модел на Самсунг Галакси Ес10 + со 6ГБ РАМ / 128ГБ ќе биде достапен во Европа за 999 евра. Компанијата ќе продава друга верзија со 8ГБ РАМ / 512ГБ за 1.249 евра. Премиум конфигурацијата ќе чини 1.499 евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Јапонски грамофон со тркалезен екран на себе

A1on

Роботи кои ќе им помагаат на лица со попреченост

A1on

ВИДЕО: Новата Нокиа ќе чини 112 долари

A1on

Тај Брејди: Вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето

A1on

Лаптоп полн со најопасните вируси продаден за над 1,3 милиони долари

A1on

Првиот 5-Г телевизор ќе биде претставен до крајот на годинава

A1on