Во Риека поставен семафор со женски лик

Во Риека, по повод Меѓународниот ден на жената, е поставен првиот семафор на кој има женски лик.

Ликот на машки пешак е заменет со женски лик во фустан.

Иницијативата е на здружението „СОС Риека“, со цел да се намалат предрасудите кои ги поддржуваат родовите стереотипи и промовираат еднаквост.

Иницијаторката на идејата Дуња Роиќ, која е советничка за правни прашања, оваа пракса ја видела во западните земји. Нејзината идеја ја поддржа градоначалникот Војко Оберснел.

– Сакаме да ги поттикнеме луѓето да размислуваат за тоа како жените се застапени во јавниот простор и преку симболите. Во исто време, нашата намера е да се обидеме да влијаеме врз институциите да размислуваат за тоа како се застапени жените, наведуваат од здружението СОС Риека.

Во градот планираат да постават четири вакви семафори.