Супермесечина го осветли небото

Жителите на Балканот, како и другите делови на светот, вечерва можеа да уживаат во неверојатната сцена која може да се види само неколкупати во текот на годината.

Денес, полната Месечина беше најблиска до Земјата, феномен познат како Супермесечина.

Станува збор за феномен кога Месечината се приближува до планетата Земја на растојание од помалку од 360.000 километри.

Бидејќи орбитата на Месечината е со елиптична форма, Месечината може да биде најблиска (перигеј) и најдолга (апогеј) неколкупати во текот на годината.

Во оние случаи кога е блиску до нас таа добива неверојатен сјај и нејзиниот дијаметар на небото е привидно поголем. Во овој период исто така доаѓа до интензивна плима и осека.

Би можело да ве интересира

Скафандерот на Нил Армстронг повторно изложен пред јавноста

Ана Ололовска

Пад на европскиот Систем за сателитска навигација „Галилео“

Ана Ололовска

Индија повторно ја одложи мисијата на Месечината

Ана Ололовска

ВИДЕО: Русија успешно лансира најнов вселенски телескоп

Ана Ололовска

ВИДЕО: Затемнување на Сонцето над Јужна Америка

Ана Ололовска

Луѓето најверојатно ќе може да се размножуваат во вселената

Ана Ололовска