МАН: Законот за медиуми постои за заштита на новинарите, а изнесувањето невистини е клевета

Законот за медиуми го штити новинарот во изнесување на своето мислење, а изнесувањето невистини е клевета, велат од МАН по вербалните закани изречени од страна на Бојан Јовановски врз новинарката на „Макфакс“ Мери Јордановска. „Законот за медиуми во членот 11 му дава право на новинарот да го изнесе својот став и мислење доколку се придржува кон професионалните правила на новинарската професија утврдени од новинарските асоцијации“, велат оттаму.

МАН го поздравува и ставот на редакцијата на „Макфакс“ и групацијата „Клип медија“ кои целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во иднина ќе ѝ гарантираат слобода на изразување и мислење осудувајќи ги сите обиди за закани и влијанија од страна.

Воедно, МАН потсетува дека клевета е изнесувањето на невистини, особено ако тие се јавно изнесени. Во случајот на Бојан Јовановски, тој вчера на социјалните мрежи напишадека во тек се преговори за соработка меѓу „1ТВ“ и „Макфакс“, а за кои редакцијата на „Макфакс” јавно се произнесе дека се невистинити.

Би можело да ве интересира

МАН до Рашковски: Престанете со закани и повлечете се од намера за судски прогон

МАН: Владата го пушти притисокот врз медиумите на најјако со активирањето и на финансиската полиција

МАН: Осуда за нападот врз екипата на ТВ21, без одлагање да се санкционираат насилниците

АВМУ го осуди однесувањето на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

Сандра Бошковска

ЗНМ ги осуди вербалните закани изречени од страна на Бојан Јовановски врз новинарката Мери Јордановска

„Макфакс“ и групацијата „Клип Медиа“ не планираат никаква соработка со Бојан Јовановски

Сандра Бошковска