ВМРО-ДПМНЕ: Економијата тоне, долгот за само една година е зголемен за близу пола милијарда евра 

Граѓаните не сакаат понижена и обесчестена Република Македонија, граѓаните сакаат честита Република Македонија, велат утринава преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо свиткана кичма и антидржавните политики на Заев, државата има потреба од стабилност и сигурност. Веќе две години како СДСМ е на власт правната држава е дерогирана, СДСМ мора да си замине, а владеењето на правото мора да биде повторно воспоставено.

Криминалните тендери, роднинските врски со високи партиски функционер како услов за вработување во државната администрација, криминалот по улиците, руинираното здравство и образование не смее да продолжат да бидаг наше секојдневие.

Зоран Заев ја зави во црнила државата и избега од предвремени парламентарни избори затоа што знае дека ќе ги изгуби, па си го продолжи времето за криминално делување за уште некој месец.

Сега е времето да се биде гласен. Граѓаните треба масовно да излезат и да гласаат на претстојните избори, како ќе му дадат жолт картон на СДСМ и ќе му го покажат местото на буништето на историјата, каде ќе заминат на следните парламентарни избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ мора да си замине поради се што ветија, а не направија, затоа што нема 500 евра просечна плата, 100.000 денари плата за лекарите, 600 километри нов автопат, поврат на ДДВ за граѓаните и ред други проекти. СДСМ мора да си замине и затоа што економијата тоне, а долгот за само една година е зголемен за близу пола милијарда евра.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски се уште го брани криминалот на Никола Груевски и тоа е единствениот негов фокус и константа

A1on

СДСМ: Лашкоска е симбол на непотизам, ВМРО-ДПМНЕ нема чесни и одговорни личности

A1on

СДСМ: Државата за првпат враќа пари директно кај граѓаните

A1on

СДСМ: Обвинетиот Димовски да одговори за случајот „Топлик” на СЈО и како добил државно земјиште заедно со Хидро Мицкоски

A1on

СДСМ: Расипничкото ВМРО-ДПМНЕ не го разбира концептот за враќање пари кон граѓаните

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги ограби граѓаните и докажа дека не може да донесе ниту подобар стандард

A1on