СДСМ: Мицкоски да не бара алиби, нека се подготви за убедлив изборен пораз

Уште едно алиби обраќање на антизападниот Христијан Мицкоски од Конвенцијата на која лично тој си го бира својот фаворит, својот кандидат кој со него треба да застане против НАТО и ЕУ, реагираа од СДСМ преку соопштение на обраќањето на Конвенцијата во Струга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Мрачното обраќање на Мицкоски многу добро го отсликува него и состојбата во којашто се наоѓа: „чудовишта“, „џелати“, „кризи“, „исклучувања“,  „жолти картони“, „на колена“…Нема поголемо разочарување за земјава од однесувањето на Христијан Мицкоски и делувањето против НАТО и ЕУ.

Од една страна се граѓаните, СДСМ, мнозинството, кои Република Северна Македонија ја носат напред кон светла иднина во НАТО и ЕУ. Од друга страна е осамениот Мицкоски обземен со мракови и деструкции, со мрачното време на режимот на неговиот Никола Груевски.

СДСМ е за економија, за прогрес, за реформи, за безбедност. Затоа сме ЗА НАТО, затоа сме за ЕУ. Штета што на Мицкоски и ова ракаоводство на ВМРО-ДПМНЕ тоа им пречи. Мицкоски нека не бара алиби, туку да се подготви за убедлив изборен пораз на слободни, фер и демокартски претседателски избори“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски се уште го брани криминалот на Никола Груевски и тоа е единствениот негов фокус и константа

A1on

СДСМ: Лашкоска е симбол на непотизам, ВМРО-ДПМНЕ нема чесни и одговорни личности

A1on

СДСМ: Државата за првпат враќа пари директно кај граѓаните

A1on

СДСМ: Обвинетиот Димовски да одговори за случајот „Топлик” на СЈО и како добил државно земјиште заедно со Хидро Мицкоски

A1on

СДСМ: Расипничкото ВМРО-ДПМНЕ не го разбира концептот за враќање пари кон граѓаните

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги ограби граѓаните и докажа дека не може да донесе ниту подобар стандард

A1on