Четири деца и татко настрадаа во пожар во Њујорк

Четири деца и нивниот татко настрадаа во пожар кој избувнал во куќа во Њујорк, објави АП.

Според агенцијата, четирите девојчиња кои го загубија животот биле на возраст од четири до 14 години.

Според надлежните, пожарот избувнал околу 1.30 часот по локално време во кујната, а причината за пожарот е печка.

За жал, како што посочија пожарникарите детекторите за чад кои биле поставени во нивниот дом немале батерии.

Петтата ќерка успеала да излезе од куќата и веднаш почнала да бара помош од соседите, откако дошле екипите на противпожарната служба девојчето било пренесе в болница.

Стотици луѓе се собраа на местото на пожарот, пренесуваат агенциите и додаваат дека луѓето оставале цвеќе и пуштале балони во воздухот.

Би можело да ве интересира

Се запали камион со 17 тони какао на автопат во Германија

Се запали автобус среде Рим

Татјана Ташкова

Голем пожар на Сицилија, уништена плажа

Пожар во затворот Идризово

Кристијан Ландов

Шумски пожари во централна Грција

ВИДЕО: Од синоќа гори депонијата кај Буково