Османи по втор пат ја прекрсти Македонија, од North во Nort

Со официјалната промена на уставното име на Република Македонија започна и спроведувањето на мерките за промена на написите и таблите на државните институции на кои стои името Република Македонија.

Помеѓу првите органи на државната управа која го промени написот „Влада на Република Македонија“ е Секретаријатот за европски прашања на чие чело стои вицепремиерот Бујар Османи. Меѓутоа, при впишувањето на новото име на државата, на англиската верзија на сајтот на Секретаријатот, направена е грешка. Наместо North, на сајтот е напишано Nort Macedonia што во превод нема никакво значење. Па сега на официјалниот сајт на Секретаријатот стои Government of the Republic of Nort Macedonia.

Имплементирањето на написите со новото име на државата започна пред два дена откако на граничниот премин Богородица за прв пат се испиша името на Република Северна Македонија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Од денеска нови регистарски таблички со NMK

A1on

Почнува издавањето на новите таблички со ознаката NMK

A1on

„Македонија вечна“, стана „Северна Македонија вечна“

A1on

Сајтот за туристичка промоција „Macedonia timeless“ причина за препукување меѓу власта и опозицијата во Грција

A1on

Нимиц: Се измачив со користењето на „ПЈРМ“, Преспа е врв на мојата кариера

A1on

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

A1on