Илон Маск откри колку чини билет за Марс

Луѓето еден ден би можеле да се преселат на Марс за помалку од 100.000 долари и да се вратат бесплатно на Замјата, доколку не им се допадне на Црвената планета, пишува „Индепендент“.

Илон Маск верува дека еден ден обичните граѓани ќе можат да одат на Марс и таму да започнат живот.

-Убеден сум дека преминот на Марс еден ден ќе чини помалку од 500.000 долари, а можеби дури и ќе биде под 100.000, вели Маск.

Тој смета дека цената е доволно ниска за луѓето во развиените економии да можат да ја продадат својата куќа на Земјата и да се преселат на Марс, доколку го сакаат тоа.

Маск се надева дека патниците ќе одат на Марс со вселенски брод на компанијата – Старшип, кој е во процес на тестирање.

Би можело да ве интересира

Трамп против мисија на Месечината, го интересира само Марс

A1on

Астробиолог тврди дека на Марс постои скриен живот

A1on

(ВИДЕО) НАСА прв пат регистрираше земјотрес на Марс, слушнете како звучи

A1on

Летало на НАСА првпат забележа земјотрес на Марс

A1on

Русија на астероид ќе тестира летало за мисијата на Марс

A1on

Илон Маск: Од Лондон до Сиднеј ќе се патува за помалку од еден час

A1on