Таравари: Жалосен ден за цела Македонија

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, ја посети скопската болница „8 Септември“ каде се хоспитализирани најголем дел од повредените патници од автобусот на „Дурмо турс“ кој попладнево се преврте на автопатот Скопје – Тетово.

Таравари посочи дека автобусот сообраќал на релација Скопје – Гостивар и со него патувале претежно гостиварци.

Во „8 Септември“ биле донесени 35 патници од кои петмина им подлегнале на повредите. Од останатите хоспитализирани петмина се во критична состојба.

Таравари посочи дека петмина од патниците биле примени и во Клиничката болница, од кој двајца се во сериозна состојба. Тој, како и министерот Филипче претходно, потврди дека шоферот е жив и во релативно стабилна состојба.

Гостиварскиот градоначалник изјави дека разговарал со семејства на жртвите и повредените околу тоа дали во овој момент им е потребна некаква помош и посочи дека се преземаат сите можни медицински мерки пациентите до утре да бидат во подобра здравствена состојба.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Кривична и притвор за возачот на камионот што предизвика сообраќајка кај скопската обиколница

A1on

Расчистено убиство во Струмица, убиецот притворен

A1on

Прегазен мигрант на пругата кај Демир Капија

A1on

Струмичанец убиен, па потопен во буре кај браната Турија

A1on

Државјанин на Северна Македонија загина во сообраќајка во Косово

A1on

Почина еден од повредените полицајци во сообраќајката кај скопската обиколница

A1on