По средбата на Заев со Адеми ќе се знае дали ќе се поништи дел од конкурсот на Министерството за култура

По средбата на премиерот Зоран Заев со министерот за култура Асаф Адеми ќе се знае дали ќе се поништи дел од конкурсот на Министерството за култура кој наиде на реакции во изминатите денови.

Средбата, како што денеска изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, најверојатно ќе се реализира во петок.

„По враќање од службен пат, министерот Адеми ќе има средба со премиерот Зоран Заев и по тој состанок ќе се знаат понатамошните чекори. Дали ќе има поништување на дел од конкурсот, ќе се знае по работниот состанок“, истакна Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференцијата во Владата на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Разрешени директорите на МЕПСО, ЕЛЕМ, началникот на УБК и десетици други функционери

Галена Николовска-Ризвановиќ

Руските комичари за А1он: Го избравме Заев откако почна да ја обвинува Москва

Галена Николовска-Ризвановиќ

(ВИДЕО) Беџети: Министерството ме извести да не брзам со уривање на платформите на Матка

Маја Илиевска-Пачемска

Како Заев ја ископа законската дупка за да биде и премиер и министер

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка од заменик-министер

А1он

Биографијата на Заев за министер за финансии како во времето за Тито

Предраг Петровиќ