„Твитер“: Денес е Св. Мира Дизел, заштитничка на огласите за работа

Ниту знамето на НАТО пред Влада, ниту добиената нота од Грција, ниту ставот на СДСМ дека нема да има предвремени парламентарни избори, не ја разбрануваа јавноста. Тема на денот беше пратеничката Мира Стојчевска и непотизмот во редовите на СДСМ. Во ист ден излегоа информации дека си ги вработила синот и братот.

Претходно во Шумска полиција е вработен и нејзиниот сопруг, си зема субвенции за пелети, а позната стана како пратеничка со најголем износ на патни трошоци. Сепак прекарот Мира Дизел го доби по славната изјава дека покачувањето на акцизата нема да ги погоди сиромашните зошто немаат возила.

Социјалните мрежи буквално зовреа од фото монтажи и коментари, со кои граѓаните го изразуваа револтот за оваа појава во редовите на СДСМ, партијата која ветуваше чесност, борба со корупцијата, нула толеранција за непотизмот и партиските вработувања.

Еве дел од објавите:

„Денес е Св. Мира Дизел, заштитничка на огласите за работа. Сподели ја иконава ако и ти бараш работа“.

„Кучето на Мира е вработено во гранична полиција“.

„Ликот на Мира Дизел се појави магично пред зградата на Агенцијата за вработување“.

„АВРМ – Агенција за Вработување на Роднини на Мира“.

Би можело да ве интересира

„Твитер“ избриша речиси 4 800 сомнителни налози поврзани со Иран

Татјана Ташкова

Мира Стојчевска наградно во Швајцарија, колку се патарините?

Предраг Петровиќ

Во 2018 година укинати 371.000 налози на Твитер поради тероризам

ДСКС ќе бара анализа на законите за вработување во јавниот сектор и на злоупотребата на дискреционото овластување при вработување

(ВИДЕО) Јовановска: Кога невработените лица ќе ги повикаме на интервју за работа, не доаѓаат

Ана Ололовска

Миновски: Ќе одговарам ако има нерегуларности при вработувањето на Стојчевски

Кристијан Ландов