Трамп: Во секој случај ќе го градиме ѕидот на границата со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да отстапи од своето ветување дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико, јави Би-Би-Си.

– Ќе го градиме ѕидот во секој случај, рече Трамп на собир во Тексас, во исто време кога беше објавено дека е постигнат принципиелен договор за финансирање на Владата и избегнување нејзино ново блокирање.

Меѓутоа, Трамп не кажа дали ќе го поддржи договорот.

Тој тврди дека бариерата што ги разделува Ел Пасо и Мексико го направи градот побезбеден. Меѓутоа, тоа не го потврдува федералната статистика.

Претходно, беше објавено дека неколку преговарачи од Демократската и Републиканската партија во американскиот Конгрес постигнаа принципиелен договор за финансирање на Владата и избегнување нејзино ново затворање.

Никој од преговарачите не ги наведе деталите од договорот, а исто така не кажаа дали претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе ја добие целата сума што ја бара за изградба на ѕидот на границата со Мексико.

Демократите понудија одредена сума пари за гранична безбедност, но значително помалку отколку што бараше Трамп за ѕидот.

Белата куќа и конгресмените имаат рок да го исвојот новиот закон за буџетот до петок, кога повторно ќе бидат исцрпени средствата за финансирање на федералната Влада и може да уследи нова делумна блокада.

Трамп не се изјасни колку пари би прифатил како компромис за изградба на ѕидот на американско-мексиканската граница. Тој на 25 јануари се согласи да стави крај на најдолгата делумна блокада на работата на федералната Влада, која траеше 35 дена, иако не ги доби 5,7-те милијарди долари што ги бараше за ѕидот. Наместо тоа, беше постигнат договор за тринеделно финансирање на федералните агенции, со цел лидерите во Конгресот да имаат време да го решат спорот што се однесува на безбедноста на границата.

Би можело да ве интересира

Џорџ Сорос и други милијардери бараат данок на богатство во САД

A1on

Одделот за истражување на „Хуавеи“ во САД се обидува да изгради нов идентитет

A1on

Мексико распореди речиси 15.000 гардисти по границата со САД

A1on

Трамп најави строги санкции за иранскиот врховен водач

A1on

Уапсено лице кое планирало напад врз Амбасадата на САД во Брисел

A1on

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

A1on