Харадинај и Рама со највисоки плати меѓу премиерите во регионот

Премиерите на Косово и на Албанија, Рамуш Харадинај и Еди Рама добиваат највисоки плати во регионот во споредба со премиерите на другите земји, се наведува во извештајот на Светска банка.

Од друга страна премиерката на Србија, Ана Брнабиќ е со најниска плата во регионот. Нешто повисока плата од неа имаат премиерите на Македонија, Зоран Заев и на Црна Гора, Душко Марковиќ.

„Шефот на косовската Влада, Харадинај има највисока плата или 2.950 евра. Веднаш по него, според висината на месечната плата е неговиот албански колега Рама, со 1.700 евра. Наспроти тоа Албанија и Косово се со најниски просечни месечни плати на Балканот, кои се пониски дури петпати од премерските плати“, наведуваат албанските медиуми.

Српската премиерка Брнабиќ има најниска плата во регионот, односно 1.000 евра, додека македонскиот премиер Заев има месечна плата од 1.300 евра, а претседателот на црногорската Влада, Марковиќ има месечни примања од 1.130 евра.

Просечната месечна плата во Црна Гора изнесува 751 евро, по што следуваат Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка од заменик-министер

A1ON

Биографијата на Заев за министер за финансии како во времето за Тито

A1on

Наместо да мете криминал и неспособност, со метлата Заев се назначи и за министер за финансии

A1on

Последна шанса за Филипче да го набави лекот за болните од мускулна атрофија

A1on

„Мој данок“ не е ефикасна мерка, нека се намали ДДВ за производи од широка потрошувачка

Ана Василевска

Рама: Не е праведно, а ни практично Пендаровски да бара раздвојување од Албанија

A1on