Ричард Гир доби син, се породи неговата 34 години помлада сопруга

Холивудскиот актер, Ричард Гир, само неколку месеци пред неговиот 70. роденден доби син.

Пред неколку дена неговата сопруга 36-годишната, Алехандра Силва се породи во Њујорк, а името на момчето сè уште не го откриваат.

Ричард веќе има 18-годишен син, Хомер Џејмс, со поранешната сопруга Кареј Ловел. Алехандра исто така има дете од првиот брак, шестгодишниот син Алберт.

Ричард и Алехандра се запознале во 2014 година во луксузен италијански хотел што Алехандра го купила со својот поранешен сопруг и во тоа време била менаџерка на објектот.