Љајиќ: Сега е момент за избори

Претседателот на Социјалдемократската партија на Србија (СДПС) Расим Љајиќ смета дека сега е момент за парламентарни избори, со цел новата влада да добие целосен демократски капацитет и легитимет за решавање на прашањето за Косово.

Како друга причина поради која би требало да се оди на избори Љајиќ ги наведе протестите на улиците каде се оспорува легитимитетот на власта.

„Веќе имаме најава за бојкот на Парламентот и протести на улица, каде се оспорува легитимитетот на владата и властa. Ако тој легитимитет се оспорува, не постои друг начин тој да се провери освен на избори“, рече Љајиќ за ТВ Пинк.

Тој истакна дека власта секаде се добива и губи на избори.

Би можело да ве интересира

Харадинај: Ние сме подготвени за дијалог во рамки на постојните граници

Вучиќ: Во септември во Берлин или Париз продолжуваат разговорите за Косово

Ана Ололовска

Реакција на српската опозиција поради неодржување средба со Макрон

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Макрон одржа говор на српски: Србија е во нашите срца засекогаш

Ана Ололовска

Српски телеграф: Србија од 2020 година ќе воведе задолжително служење воен рок

Ана Ололовска

Блиц: Ѓилас бара од СзС одлука за бојкот на изборите

Ана Ололовска